Diyar Güldoğan
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – Договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море продолжува денеска напладне, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
„По нашиот вчерашен телефонски разговор со Путин, од денеска напладне, испораката на жито продолжува според претходните планови“, рече Ердоган на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во турскиот Парламент.
Ердоган истакна дека подоцна во текот на денешниот ден ќе има телефонски разговор со неговиот украински колега Владимир Зеленски.
Русија во саботата соопшти дека ќе го прекине учеството во Договорот за извоз на жито преку Црно Море поради украинските напади врз бродовите на нејзината Црноморска флота.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор на 22 јули во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари.