Diyar Güldoğan
03 Ноември 2022•Ажурирај: 04 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – Вкупно шест брода ги напуштија украинските пристаништа по продолжувањето на Договорот за жито, со што бројот на бродови што ги напуштија пристаништата надмина 426 со пренесени над 9,7 милиони тони жито, изјави турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„По продолжувањето на иницијативата за [коридорот за украинското] жито, шест брода ги напуштија украинските пристаништа. Така, бројот на бродови што заминаа од пристаништата надмина 426, а количеството транспортирано жито изнесува над 9,7 милиони тони“, рече Акар на настан од југоисточната турска област Хакќари.
Изјавата на Акар уследи еден ден по најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за враќањето на Русија на Договорот за извоз на жито преку Црното Море потпишан на 22 јули меѓу Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина.
Но, Русија во саботата соопшти дека ќе го прекине учеството во договорот поради украинските напади врз бродовите на нејзината Црноморска флота.
„Ќе ги интензивираме нашите напори во рамките што ги определи нашиот претседател во однос на продолжувањето на иницијативата за жито, која истекува на 19 ноември“, рече Акар.
Тој додаде дека најискрена желба на Анкара е конфликтот помеѓу Москва и Киев да заврши на мирен начин и методи.
Страните во моментов преговараат за продолжување и проширување на договорот по 19 ноември, за што Ердоган рече дека Анкара е решена за транспорт и на руско жито и ѓубрива во помалку развиените земји.