İsmail Özdemir,Hatice Şenses Kurukız
24 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул изјави дека изборниот процес се одвива мирно и дека се наведа дека ќе донесе добро за сите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Турција денеска се одржани предвремени претседателски и парламентарни избори на кои околу 60 милиони гласачи бираа претседател на државата и нов состав на Парламентот или Големото народно собрание на Република Турција.
Актуелниот турски претседател, лидерот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти) и претседателскиот кандидат на оваа политичка опција, Ердоган, гласаше на гласачко место во истанбулскиот Ускудар.
Откако ја изврши граѓанската должност, Ердоган отиде во Претседателскиот кабинет Кисикли во Истанбул. Подоцна оттаму се упати кон резиденцијата Хубер и во оваа пригода ги поздрави граѓаните кои беа собраа таму.
Ердоган во оваа пригода, во кратка изјава истакна дека изборите моментално се одвиваат мирно и дека се надева дека ќе донесат добро за сите.