Kaan Bozdoğan
19 Август 2022•Ажурирај: 20 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека меѓусебното назначување амбасадори ќе придонесе за развојот на односите меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција, турскиот претседател Ердоган со својот израелски колега разговарал за билатерални и регионални прашања.
Во разговорот беше посочена важноста на одлуката за меѓусебно именување амбасадори, од аспект на придвижување на односите меѓу двете земји во позитивна насока.
Ердоган истакна дека Туркије го поддржува развојот на соработката и дијалогот со заемно почитување.