Burcu Çalık
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција со операцијата во Африн го прави она што е потребно, јавува Anadolu Agency (АА).
„Име рековме да седат мирно, но не го направија тоа. Им рековме 'Не ги напаѓајте нашите територии, не обидувајте да ги отежнувате нашите граници', но не нѐ послушаа, и ние им рековме на оние кои се покажуваат како сојузници: 'Видете, тие се ПКК, тие се ПЈД,тие се ЈПГ, не одете во Рака со терористите, тоа е терористичката организација ДЕАШ'. Им рековме 'Дојдете со нас да ги уништиме, а не една терористичка организација да се уништува со друга терористичка организација', но не нѐ послушаа. Ние име рековме: 'Добро, вие си знаете', и сега го правиме она што е потребно. Ние самите ја вршиме нашата работа“, изјави Ердоган.