Zafer Fatih Beyaz
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
МАДРИД (АА) - Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, оствари средба со со шпанскиот премиер Педро Санчез, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се сретна со Санчез во рамките на неговите билатерални средби во Мадрид, каде што е дојден да присуствува на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО.
Состанокот на Ердоган и Санчез во Конгресниот центар на ИФЕМА, каде што се одржува Самитот на НАТО, беше затворен за медиумите.
На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, шефот на турската национална разузнавачка служна МИТ, Хакан Фидан и пратеникот на АК Партијата од Ризе и претседател на турската група на Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак.