Yusuf Soykan Bal
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека 29 терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во регионите „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“, во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството се нагласува: „Херојските турски војници продолжуваат да возвраќаат на вознемирувањата и обидите за напад на терористите. Дваесет и девет терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија вознемирувачки оган во регионите на „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“, на северот на Сирија се неутрализирани во успешна операција.“
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.