Турција, култура и уметност

Пејачката Џамала одржа концерт во Анталија за жртвите од војната во Украина

Концертот имаше за цел солидарност со речиси 1.500 украински деца кои престојуваат во различни хотели во Анталија

Mustafa Çiftçi  | 30.06.2022 - Обновена : 01.07.2022
Пејачката Џамала одржа концерт во Анталија за жртвите од војната во Украина

АНТАЛИЈА (АА) - Татарската пејачка од Крим, Џамала одржа концерт во Анталија, Туркије, за украинските деца жртви на војната, јавува Агенција Анадолија (АА).

Украинските деца изведоа танци пред концертот одржан во Театарот на отворено во Анталија во соработка со Здружението за солидарност со бегалците и мигрантите (SGDD-ASAM) и проектот „Детство без војна“ (Childhood Without War).

Џамала, победничката на Изборот за песна на Евровизија 2016 година и добитник на наградата за извонредно уметничко лидерство на Атлантскиот совет во 2022 година, на сцената ги отпеа своите популарни песни.

Љубителите на музиката на Џамала тагуваа заедно, со песните ронеа солзи, и ги потпевнуваа песните на пејачката.

На концертот присуствуваше конзулот на Украина во Анталија, Емир Рустамов, основачот на проектот „Детство без војна“, Руслан Шостак и генералниот координатор на СГДД-АСАМ, Ибрахим Вургун Кавлак.

Наведено е дека концертот имал за цел да создаде атмосфера на солидарност за речиси 1.500 украински деца кои престојуваат во различни хотели во Анталија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.