Çiğdem Münibe Alyanak,Berk Özkan
21 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, говорејќи за важноста на меѓународната соработка и солидарноста во борбата против пандемијата, порача дека развиените вакцини треба да бидат достапни и заедничка сопственост на целото човештво, наместо да се продлабочуваат постоечките неправди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеоконференција присуствуваше на Самитот Г20 со кој моментално претседава Саудиска Арабија.
Обраќајќи им се на учесниците на Самитот, Ердоган потсети на фактот дека епидемијата на коронавирусот и понатаму му се заканува на целото човештво, и порача дека оние кои се наоѓаат на истиот брод ја делат истата судбина.
Нагласувајќи дека против епидемијата не е можно да се бори без соработка и солидарност, Ердоган констатираше дека светот, посебно развиените земји, во текот на процесот на епидемијата не одговорија на испитот на помош и солидарност.
Според него, економските послаби земји во текот на пандемијата практично се препуштени сами на себе.
„Во тој контекст, Турција пружи помош на 156 земји и девет меѓународни организации. Со давањето поддршка за 15 земји членки на Г20, исто така обезбедивме дозволи за купување и извоз од нашата земја", порача Ердоган.
Нагласи дека со големо задоволство примил охрабрувачки вести за вакцината која ја направија двајца научници со турско потекло во Германија.
„Меѓутоа, тука постои точка на која треба да се обрне внимание. Развиените вакцинитреба да бидат достапни и заедничка сопствеост на целото човештво, наместо да ги продлабочуваат постоечките неправди. Во тој контекст, платформата Г20 би требала да подготви и управува со механизми за да на сите им се одговори праведен пристап на вакцините. Турција, која моментално работи на вкупно 16 проекти на вакцина, а кај еден почнавме со тестирање на луѓето, делува со вакво сфаќање. Вакцината која ќе ја произведе Турција, ќе ја направиме достапна за целото човештво", рече Ердоган.