Talip Demirci,Ayşe Yıldız,Gülsem Adam
21 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АНТАЛИЈА
Додека снегот ги прекри повисоките подрачја во регионот на Аталија, граѓаните во крајбрежните подрачја сѐ уште уживаат во капење во морето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рамазан Ташкиран реке дека тешко се одвиваат секојдневните сточарски обврски поради снегот кој падна, како што смета, порано оваа година.
„Останувавме тука секоја година до декември. Оваа година снежните врнежи не изненадија. Снегот покри сѐ. Не остана зеленило за хранење на животните. Ако продолжи да паѓа, ќе мораме да се симнеме во Кемер", рече Таширан.

Додека високите делови се покриени со бела покривка, во крајбрежните подрачја на Атанија и понатаму е „лето".
Граѓаните уживаа во капењето на плажата Коњаалти, каде температурата на воздухот и морската вода се движење до 23 степени.

Некои граѓани шетааа на плажа, некои возеа велосипед, се играа во песок, а некои и се капеа во морето.
Во претпладневните часови во прошетката можеше да се видат и голем број граѓани од 65 и повеќе години на кои поради ширењто на коронавирусот им е ограничено движењето. Го искористија убавото време за прошетка, после што се вратија во своите домови пред да стапи во сила забраната која се однесува на оваа старосна популација.