Muhammed Enes Can
21 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - ЕНЕС ЏАН -
Во Турција се приведени најмалку 39 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, а станува збор за осомничени лица за таканаречената „обнова на студентските структури" на ФЕТО по обидот за пуч во 2016 година,јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истрагата која ја води одделот за борба против тероризмот при Републичкото обвинителство во Истанбул, пронајдени се докази преку приведеното осомничено лице М.С. за која е утврдено дека користела систем на шифрирани комуникации меѓу припадниците на ФЕТО познат како „БајЛок" (ByLock), а на кои се податоците од 2019 и 2020 годна за становите кои ги користеле студентите припадници на ФЕТО.
Утврдено е дека припадниците на ФЕТО во спомнатиот период организирале излети и различни собири и дека голем број студенти од сите делови на Турција, кои по обидот за пуч во 2016 година дошле на студии во Истанбул, биле насочувани кон куќите и становите кои се под контрола на ФЕТО.
Идентификувани се осум осомничени лица одговорни за „обнова на студентските структури" на ФЕТО, а станува збор за пребегнати лица кои се опфтени со поранешни истраги против оваа терористичка организација.
Во акцијата која е спроведена на 13 ноември во вкупно седум турски градови приведени се 28 лица, а во другот дел на истата акција која е спроведена утрово приведени се уште 11 лица.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули, 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.