Fatih Hafız Mehmet
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
БАЈБУРТ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека работите на изградбата на аеродромот во североисточната турска област Ѓумушане ќе бидат завршени до 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако даде Господ, до 2020 година ќе ја завршиме изградбата на аеродромот кој ќе служи на подрачјето на Ѓумушане и Бајбурт. Со овој аеродром ќе се надминат тешкотиите поради долгото патување меѓу Ѓумушане и Бајбурт“, изјави Ердоган на настан во Бајбурт.
Аеродромот ќе биде изграден во Салјази, кој се граничи со областа Бајбурт.
Ердоган изјави дека аеродромот, кој ќе биде погоден за слетување на големи авиони, ќе има капацитет од два милиони патници годишно.
„Изградбата на аеродромот ќе чини 285 милиони лири (73 милиони долари), а подготовките за проектите и тендерите се во тек“, порача турскиот претседател.