Kerem Kocalar
19 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
АДИЈАМАН (АА) - Заменик-премиерот на Република Турција, Бекир Боздаг, денеска изјави дека истрагата и постапката против турскиот бизнисмен Риза Сараф во Соединетите Американски Држави (САД) нема никаква правна основа и дека станува збор за класичен случај на политичка монтажа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Судскиот процес што се спроведува овие денови во САД против Риза Сараф стана приоритетна тема и на нашиот дневен ред. Отворено овде велам дека тоа е политички монтиран процес без никаква правна основа и оправданост“, истакна Боздаг во обраќањето на Конгресот на Партијата за правда и развој (AK Parti) кој се одржа денес во Адијаман.
Боздаг рече дека во последно време во САД се одвиваат голем број случаи насочени против Турција и предупреди дека тие случаи ја загрозуваат билатералната соработка помеѓу Анкара и Вашингтон.
Како еден од тие случаи го наведе и апсењето и судењето на турскиот бизнисмен Сараф, и рече дека овој случај не е ништо друго туку обид преку САД да се направи рушење на правниот поредок на Турција, а што терористичката организација не успеа со ударот на правниот систем во периодот од 17 до 25 декември 2013 година.
„Поставуваме прашања и очекуваме одговори од американските официјални претставници. Каде ви се и од каде ги набавивте наводните докази во случајот на Сараф, дали се тоа документи и докази што во рамките на правната помош ги побаравте од Турција или нив негде на друго место ги најдовте? Дали имате оригинални документи, копии или пак фалсификати? За тоа мора да се проговори бидејќи се споменува дека постојат извештаи, па тогаш нека се открие чии извештаи се тоа, и кој и од која функција ги направил и потпишал“.
Истакнувајќи дека американските институции не поседуваат докази, Боздаг кажа дека тоа е класичен удар на турскиот правосуден систем.
„Американскиот суд од денот на апсењето на Риза Сараф и на други им се закани да ги признаат наводите од обвинението и да бидат ослободени или во спортивно ќе добијат долгогодишни затворски казни. Зарем е можно да постојат такви судови и зар е можно тогаш да се зборува за некаква правна држава. Сето тоа се операции покренати против Република Турција“, рече Боздаг.
Истакнувајќи дека никој нема корист од таквите операции, Боздаг нагласи дека Турција секогаш преземала сѐ да ги заштити своите интереси и дека тоа и понатаму ќе го прави, и дека сите трговски односи меѓу Турција и Иран се во согласност со меѓународното право и со меѓународните норми.