Arife Yıldız Ünal
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА (АА) – АРИФЕ ЈИЛДИЗ УНАЛ –
Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Адил Караисмаилоглу, истакна дека џиновскиот воз од 82 контејнери, долг 940 метри, кој ќе носи извозни материјали од Турција во Азербејџан, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан, тргнал од турскиот град Карс кон Грузија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Караисмаилоглу, истакнувајќи дека возот во тие земји ќе допатува преку железничката линија Баку - Тбилиси - Карс, нагласи: „Овој џиновски воз за извоз, кој е најдолгиот воз што некогаш патувал низ железничката линија Баку - Тбилиси - Карс, целата стока ќе ја испорача во рок од 9 дена.“
Министерот Караисмаилоглу за АА рече дека поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, надворешната трговија на многу земји е нарушена.
Наведувајќи дека во овој момент, со претходно преземени мерки и без човечки контакт железничките пруги имаат значајна улога за трговијата во регионот, Караисмаилоглу рече: „Особено во овој процес, голем број земји во регионот трговијата започнаа да ја спроведуваат преку железничката линија Баку - Тбилиси - Карс. Во моментов, со преземените мерки како што се дезинфекциските процеси, значително количество товар се транспортира преку железничката пруга.“
Караисмаилоглу објасни дека стоката се транспортира до братските земји Азербејџан, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан преку железничката линија Баку - Тбилиси - Карс, и додаде дека од Карс тргнал најдолгиот воз што некогаш патувал на железничката линија.
- „Најдолгиот воз на линијата Баку - Тбилиси - Карс“ -
Министерот Караисмаилоглу нагласи дека возот што носи материјали за извоз произведени во Измир, Адана, Мерсин, Кочаели и Кутахја се состои од 82 контејнери и е долг 940 метри.
„Возот од Карс најпрвин ќе пристигне во Грузија, на првата станица. Откако ќе ја истовари стоката во другите земји кои се наоѓаат на линијата, по девет дена ќе пристигне во Узбекистан. Поради мерките преземени за Ковид-19, голем број земји не се во можност да ги обезбедат своите потреби. Со овој џиновски воз ќе испорачаме турски производи во нашите братски земји. Во возот има многу видови артикли, од средства за хигиена до делови за автомобили“, нагласи министерот Караисмаилоглу.
- „Со Иран се разменети 100 илјади тони товар“ -
Министерот Караимаилоглу потсети дека по објавувањето на пандемијата на Светската здравствена организација (СЗО), запрен е транспортот со Иран.
„Откако почна да се ограничува движењето на копнените патишта помеѓу двете земји, поради Ковид-19, ние ги презедовме потребните мерки. Од 3 март, кога почна да функционира железничката линија Баку - Тбилиси - Карс, со Иран е разменета стока од 100.000 тони, пренесена во 3.000 вагони“, подвлече турскиот министер за транспорт и инфраструктура Караимаилоглу.