Fırat Taşdemir
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушна операција во регионот Авашин-Басјан во северен Ирак се неутрализирани тројца терористи на ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тројца терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК, идентификувани во регионот Авашин-Басјан, во северен Ирак, неутрализирани се преку воздушна операција“, се вели во соопштението на Министерството.
Од Министерството се нагласува дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат решително.
Терористите на ПКК бараат засолниште во северен Ирак, близу турската граница, со цел да планираат терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.