ТЕЛ АБЈАД (AA) - МУХАМЕД МИСТО/ЛЕВЕНТ ТОК
По извидување на американската војска на подрачјето на Тел Абјад, долж границата на Сирија и Турција, распоредени се околу илјада терористи на ПЈД/ПКК.
Извори во Тел Абјад за Anadolu Agency (AA) рекоа дека оклопни и транспортни возила на американската војска минатиот вторник и петок во Тел Абјад, кој го контролира терористичката организација ПЈД/ПКК под параванот на Сириските демократски сили (СДФ).
Американските војници во конвои од по 10 возила во текот на два дена вршеа извидувања долж границата на Сирија и Турција. Откако американските сили завршија со извидување, во регионот се разместени терористи на ПЈД/ПКК.
Терористите со конвој возила допатуваа од населбата Ајн Иса, недалеку од Кобани. Организацијата распореди свои припадници на околу 10 локации долж границата на Сирија со Турција. Претходно на секоја од тие локации имаше околу 15 терористи, додека сега таа бројка е зголемена за околу 100 по една локација.
- Американскиот план за основање на Силите за безбедност на граница
Аnadolu Agency (AA) на 9 јануари објави дека Пентагон и Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА) заеднички работат со кадрите на ПЈД/ПКК на формирање на „сили за безбедност на границата".
Во таа вест е објавено дека околу 400 терористи завршиле обука, како и дека најпрвин ќе бидат распоредени во Кобани, Тел Абјад, Ресулајн и Малики, а потоа во Африн.
Американскиот полковник и гласноговорник на коалициските сили на чело со САД во борба против ДЕАШ Рајан Дилон ја потврди оваа вест на АА на 14 јануари изјавувајќи дека е во план формирање на „сили за безбедност на границата" кои ќе ги сочинуваат околу 30 илјади припадници на ПЈД/ПКК.
Потоа Пентагон го потврди планот за формирање на „Сили за безбедност на границата" заедно со СДФ, параванот на ПЈД/ПКК, но негираа дека се работи за „нова војска" или „конвенционална сила за заштита на границата".
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во вчерашната изјава порача дека САД ѝ должи објаснување на Турција. Тој рече дека се е „погрешно претставено и дека некои луѓе дале погрешни изјави".
„Не формираме никакви сили за безбедност на границата", рече тогаш Тилерсон.
- Што е ПЈД/ПКК?
ПЈД е сириски огранок на ПКК која е на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Во вооружената терористичка кампања која ПКК ја води против турската држава од осумдесетитте години се убиени околу 40 000 лица.
Турција неодамна најави воена акција на Африн, северозападниот дел на Сирија, во регионот кој граничи со турските области Хатај и Килис.
Се работи за регион кој силите на сирискиот режим на Башар ал Асад без борба го предадоа под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК, а во регионот моментално се наоѓаат меѓу осум и десет илјади терористи.
news_share_descriptionsubscription_contact


