Турција

Денес се вози 6-тата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

Спортистите во шестата етапа треба да извозат траса од 156 километри, што ќе заврши кај Куќата на Дева Марија во Селчук

Erkan Tiryaki  | 02.05.2025 - Обновена : 02.05.2025
Денес се вози 6-тата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

ИЗМИР (АА) – Денес се вози шестата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије на трасата помеѓу Селчук (Исабеј) - Селчук (Мерјем Ана), јавува Анадолу.

Шестата етапа од Претседателската трка на Туркије, единствена велосипедска трка во категоријата „ProSeries“ од календарот на Европските тури на Меѓународната велосипедска унија (UCI), започна од Селчук во Измир со учество на 144 спортисти од 23 екипи.

Почетокот го означија гувернерот на округот Селчук, Огуз Алп Чаглар, и претседателот на Турската велосипедска федерација, Емин Муфтуоглу.

Поради лошите временски услови, петтата етапа од трката, помеѓу Мармарис и Ајдин, беше откажана кратко по нејзиниот почеток.

Спортистите во шестата етапа треба да извозат траса од 156 километри, што ќе заврши кај Куќата на Дева Марија во Селчук.

Претседателската велосипедска трка низ Туркије ќе заврши в недела, 4 мај, во Измир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.