Bedrudin Brljavac
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
ИЗМИР
Делтата Гедиз, што се наоѓа во Измирскиот Залив во Турција, со површина од околу 40.000 хектари, е една од најголемите во Источен Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Делтата Гедиз настанала како резултат на натрупување наноси што реката Гедиз ги однела во Измирскиот Залив.

Гедиз е една од најдолгите реки во Анадолија, со вкупна должина од 401 километар. Извира во планината Мурат во Анадолија. Од изворот тече кон запад, сè до сливот во Измирскиот Залив, кој се наоѓа 30 километри северозападно од градот Измир.
Делтата Гедиз, со своето прекрасно зеленило, налик на мали острови, најмногу потсетува на величенствен ѓердан, дополнително разубавувајќи го Измирскиот Залив.
Подрачјето на делтата во исто време е дом на голем број фламинга.
