Orhan Onur Gemici
20 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
АНКАРА (АА) - Во операција на командосите на жандармеријата во југоисточна Турција неутрализиран е вооружен терорист, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористот е неутрализиран при судир близу планината Мејдан во подрачјето на Бејтушшебап како дел од антитерористичката операција „Ерен-10“ којашто се спроведува во турската област Ширнак, се вели во соопштението на Министерството.
Министерството не даде информации на која терористичка организација ѝ припаѓа терористот, но во источна и југоисточна Турција активна е терористичката организација ПКК
Во јануари, Турција ја започна операцијата „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишник кој загина од рацете на терористичката ПКК на 11 август 2017 година. Новата операција има за цел расчистување на терористичката ПКК од регионот.
Турција во 2020 година, исто така, ги започна операциите „Капан“ и „Јилдирим“ за уништување на терористичката ПКК и ослободување на регионот од терористите.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.