Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на починати од коронавирусот се зголеми за четирипати во изминатите 30 дена

Агенција Анадолија (АА) изврши анализа на состојбата со Ковид-19 од 18 март до 18 април, според достапните податоци

Dilara Küçükerdoğan  | 19.04.2021 - Обновена : 20.04.2021
Турција: Бројот на починати од коронавирусот се зголеми за четирипати во изминатите 30 дена

АНКАРА (АА) - Според податоците на турското Министерство за здравство, бројот на починати од последици на Ковид-19 во Турција во изминатите 30 дена е зголемен за четирипати, додека бројот на пациенти во критична состојба двојно е зголемен.

Агенција Анадолија (АА) изврши анализа на состојбата со Ковид-19 од 18 март до 18 април, според достапните податоци.

Во текот на февруари, кога ограничувањата за спречување на ширењето на коронавирусот и карантинот сè уште беа на сила, првиот ден од тој месец беа регистрирани 129 смртни случаи како последица на вирусот, додека пак во последниот ден од месецот таа бројка беше намалена на 66.

Со попуштањето на мерките во март, забележан е пораст на бројот на смртните случаи. На 1 март, бројот на смртните случаи како последица на вирусот изнесуваше 69, додека пак на 18 март тој број беше зголемен на 81.

На 21 март, бројот на лица кои ја загубија битката со коронавирусот достигна 102. Бројките во текот на тој месец продолжија да се зголемуваат со што на 31 март бројот на починати лица изнесуваше 152.

Трендот на зголемување на бројот на починати продолжи и во април. Министерството за здравство на 1 април регистрира 176 смртни случаи, додека таа бројка на 6 април достигна 211.

Околу 318 лица починаа на 18 април од последици на коронавирусот, при што бројот на смртни случаи во однос на претходниот месец е четирипати зголемен.

- Пациенти во критична состојба -

Бројот на пациенти во критична состојба е исто така зголемен во однос на претходниот месец.

На 1 февруари бројот на пациенти заразени со коронавирусот кои беа во критична состојба изнесуваше 1.615. Оваа бројка опадна во средината на февруари и изнесуваше 1.232, додека пак на 28 февруари беше 1.191.

На почетокот на март беше забележан пораст на бројот на пациенти во критична состојба.

На 1 март, бројот на пациенти во критична состојба се искачи на 1.215, на 15 март изнесуваше 1.425, додека на 18 март 1.503.

Бројот на пациенти во критична состојба надмина 2.000 во последниот ден од месецот, достигнувајќи 2.054.

Во првата недела од април, бројот на сериозно болни пациенти се искачи на 2.604.

На крајот на втората недела од април, бројката достигна 3.018.

Овој тренд продолжи и во последните три дена, со 3.205 пациенти во критична состојба на 16 април, 3.240 на 17 април и 3.275 на 18 април.

Бројката на 18 април е двапати поголема во споредба со истиот датум од претходниот месец.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın