Балкан, Коронавирус

Ковид-19 причина за смртта на 14 лица во Косово, детектирани 277 новозаразени

- Во моментов во Косово се активни 12.285 случаи на зараза со коронавирус

Zylfije Adem Jakupi  | 19.04.2021 - Обновена : 20.04.2021
Ковид-19 причина за смртта на 14 лица во Косово, детектирани 277 новозаразени

ПРИШТИНА

На Косово во последното деноноќие детектирани се 277 новозаразени со коронавирус, додека од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 14 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека во текот на последните 24 часа тестирани се вкупно 2.047 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 277 биле позитивни.

Во истиот период поради заразенсот со Ковид-19 починаа 14 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирус на 2.086.

Од спроведено тестирање на вкупно 502.159 примероци сомнителни на коронавирус во Косово, вирусот е детектиран кај 101.794 лица.

Во последните 24 часа оздравеа 411 лица, вкупно 87.423 од почетокот на пандемијата. Во моментов во Косово се активни 12.285 случаи на зараза со коронавирус.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın