Seda Sevencan
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
БАЛИКЕСИР (АА) - Турските сили приведоа најмалку 14 лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените лица, меѓу кои се наоѓаат војници во активна служба, се приведени во осум области“, истакнаа извори, кои говореа под услов за анонимност.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.