Selma Kasap
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
АНКАРА (АА) – Вкупно 57 терористи се неутрализирани од почетокот на операцијата „Канџа“ на Турските вооружени сили, која продолжува во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамките на успешната операција „Канџа“, која продолжува во регионот на Хакурк, неутрализирани се уште 6 терористи на ПКК.
Исто така, во соопштението се наведува дека од почетокот на операцијата, на 27 мај, неутрализирани се вкупно 57 терористи.