Турција

Во Истанбул поставен најголемиот „жив килим“ од лалиња

Градската управа на Истанбул петта година по ред го реализира проектот на поставување „килим од лалиња“, а и оваа година поставената инсталација плени со убавината...

Adem Demir  | 25.04.2019 - Обновена : 28.04.2019
Во Истанбул поставен најголемиот „жив килим“ од лалиња

ИСТАНБУЛ (АА) - На плоштадот „Султанахмет“ во Истанбул поставен е најголемиот „жив килим“ на светот, кој е „исткаен“ од околу 570.000 лалиња и кој се простира на површина од 1.460 метри квадратни, јавува Anadolu Agency (AA).

Градската управа на Истанбул петта година по ред го реализира проектот на поставување „килим од лалиња“, а и оваа година поставената инсталација плени со убавината на лалињата кои во различни бои се проткаени во килим со традиционален дезен.

Челникот на Градската управа на Истанбул, Екрем Имамоглу, рече дека станува збор за проект кој станува традиција и кој му доликува на градот на Босфорот.

„Турција е татковина на лалето, а овој фестивал има за цел да укаже на тој факт и да се спречат некои други земји кои во последните години го присвојуваат тоа богатство. Одличен е чекорот што ова станува традиција“, рече Имамоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın