Barış Gündoğan
25 Април 2019•Ажурирај: 27 Април 2019
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оддаде почест на војниците кои го изгубија својот живот за време на битката за Галиполе, а по повод 25 април - Денот на Австралиско-новозеландскиот армиски корпус АНЗАК (Australian and New Zealand Army Corps – ANZAC) и ги повика генерациите да ја заштитат пораката на пријателство развиена меѓу нациите за време на битката, јавува Anadolu Agency (AA).
АНЗАК е национален ден на сеќавање на борците кои беа дел од контингентот на АНЗАК кои се бореа и страдаа во битката за Чанаккале во Првата светска војна.
„Денес се сеќаваме на сите војници од сите нации кои ги загубија своите животи во битката за Чанаккале“, напиша Ердоган во пораката.
„Се надевам дека Чанаккале ќе биде пример за сите заедници како заедничката болка да се претвори во средство за пријателство, љубов и мир, а не за создавање на нови непријателства.“
Тој го повтори повикот за мир.
„Сите имаме голема одговорност да спречиме нови војни, за следните генерации да живеат во мирен свет“, наведува Ердоган.
Многу војници на АНЗАК и нивните потомци ја посетуваат Турција на 25 април за да оддадат почест на настрадните и да го одбележат пријателството на нациите кое се развиваше по судирите.