Турција

Во Истанбул во четврток започнува познатиот фестивал ТЕХНОФЕСТ со поморска тема „Сина татковина“

Четиридневниот настан, кој ќе трае од 28 до 31 август во Командата на морнаричкото бродоградилиште во Истанбул, ќе ги претстави моќта на турската морнарица и најсовремените технологии

Gökhan Ergöçün  | 25.08.2025 - Обновена : 25.08.2025
Во Истанбул во четврток започнува познатиот фестивал ТЕХНОФЕСТ со поморска тема „Сина татковина“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција во четврток ќе го започне специјалното поморско издание на својот водечки фестивал за технологија, авијација и вселена – ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“, кој ќе се одржи во Истанбул, јавува Анадолу.

Четиридневниот настан, кој ќе трае од 28 до 31 август во Командата на морнаричкото бродоградилиште во Истанбул, ќе ги истакне моќта на турската морнарица и најсовремените технологии, отворајќи ги вратите за посетителите.

На фестивалот ќе се одржат натпревари со беспилотни подводни системи, подводни ракети и автономни поморски возила.

Турската морнарица ќе изложи дел од своите најнапредни бродови, меѓу кои амфибискиот јуришен брод ТЏГ Анадолу, фрегатата ТЏГ Истанбул, противподморничката корвета ТЏГ Бугазада, фрегатата ТЏГ Оручреис, минопоставувачот ТЏГ Нусрет, ако и подморниците ТЏГ Сакарја и ТЏГ Хизирреис.

Покрај воената технологија, на ТЕХНОФЕСТ „Сина татковина“ ќе има изложби за поморската историја и култура, интерактивни виртуелни (VR) искуства и серија конференции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.