Mümin Altaş
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили спасија 42 нерегуларни мигранти кои грчките безбедносни сили нелегално ги испратиле во турската северозападна област Едрене, на границата меѓу Турција и Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека грчките безбедносни сили продолжуваат со својот нехуман третман на нерегуларните мигранти.
Министерството истакна дека на 42-та нерегуларни мигранти, вклучувајќи и 12 кои биле целосно голи, им било дозволено да преминат во регионот Назимбеј Чифлиги.
Нерегуларните мигранти им кажале на турските безбедносни сили дека откако биле фатени во Грција, не им била дадена ниту храна ниту вода, и биле третирани многу сурово. Биле натерани целосно да ја соблечат облеката, биле тепани и испратени сосила во Турција.