Во земјотресот во Измир загинаа најмалку 17, повредени се 709 лица
Здравствениот центар за координација во текот на вонредни состојби (SAKOM) соопшти дека смртно страдале 17 лица, од кои едно од полседиците на гушење, додека 709 се повредени.
Barış Kılıç
30 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
АНКАРА
Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД) соопшти дека во земјотресот кој го погоди Измир, загинаа најмалку 17 лица, а 709 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на АФАД се наведува дека следуваа 196 потресувања на тлото, од кои 23 со јачина над четири степени.
Здравствениот центар за координација во текот на вонредни состојби (SAKOM) соопшти дека смртно страдале 17 лица, од кои едно од полседиците на гушење, додека 709 се повредени.
Покрај тоа, екипите на Црвена полумесечина во тоа подрачје испратиле и 114.460 маски и 5.000 дезинфекциски средства.
Во земјотресот во Измир загинаа најмалку 17, повредени се 709 лица