Gözde Bayar
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили во прекугранична антитерористичка операција во северна Сирија неутрализираа двајца терористи на ЈПГ/ПКК при обид да се инфилтрираат во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Двајца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во областа на „Штитот на Еуфрат“ за да го нарушат мирот и безбедносното опкружување, беа неутрализирани од нашите херојски командоси“, соопшти турското Министерство за одбрана преку Твитер.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.