Berk Özkan
30 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
ИЗМИР (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака со поддршка до жителите на Измир и турскиот брег на Егејското Море кои денес беа погодени од силен земјотрес, јавува Агенција Анадолија (AA).
Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денес го потресе Измир и соседните турски области. Градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, соопшти дека близу 20 згради се срушиле за време на земјотресот, кој траел 15 секунди.
Турскиот претседател Ердоган преку Твитер испрати порака на поддршка до жителите на регионите погодени со земјотресот.
„Државата со сите свои ресурси е со нашите граѓани кои се погодени од земјотресот. Сите надлежни институции, министри и служби се ангажирани на теренот“, порача Ердоган.
Епицентарот на земјотресот е регистриран кај Сеферихисар, Измир, а регистрирани се и неколку последователни потреси на тлото.
Во наредните часови се очекуваат повеќе информации за последиците од земјотресот.