Сојлу: „Шест згради се срушија во Измир поради земјотресот кој го погоди Егејското Море"
„Досега довибме пријави дека шест згради се срушија во дистриктите Борнова и Бајракли во Измир. Во Ушак, Денизли, Маниса, Баликесир, Ајдин и Мугла настанаа некои помали пукнатини, но освен тоа не добивме пријава за загуба на животи“, напиша Сојлу.
Mehmet Yılmaz Güldaş
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АНКАРА
Шест згради се срушија во дистриктите Борнова и Бајракли во турската област Измир, по земјотресот кој го погоди Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер ја потврди министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.
Во објавата, Сојлу информираше во врска со земјотресот кој се случи на отворени води во Егејското Море, кај местото Сеферхисар во турската област Измир.
„Досега довибме пријави дека шест згради се срушија во дистриктите Борнова и Бајракли во Измир. Во Ушак, Денизли, Маниса, Баликесир, Ајдин и Мугла настанаа некои помали пукнатини, но освен тоа не добивме пријава за загуба на животи“, напиша Сојлу.
Турскиот министер истакна дека тимовите продолжуваат со операциите за пребарување и интервенција на терен.