Halil Demir
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во операцијата насочена против терористичката организација ДЕАШ спроведена во Истанбул, беа уапсени 42 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимови од Одделот за борба против тероризмот започнаа акција за приведување на лица осомничени за дејствување во име на ДЕАШ и подготовка на терористички чин.
Претресите во кои беа приведени 42 странци, беа изведени на 12 адреси во Башакшехир, Зејтинбурну, Бахчелиевлер, Султангази, Фатих, Пендик и Кагитане.
Надлежните тимови заплениле голем број документи како и дигитален материјал за време на претресот.