İlkay Güder
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека неговата земја повеќе не е „пациентот“ од Османлискиот период, туку голема и силна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес за време на своето обраќање во Анкара се осврна на актуелните случувања и изјави дека неговата земја повеќе не е „пациент“, укажувајќи на погрдниот израз со кој на почетокот на 19. век се опишуваше пропаѓањето на Османлиското царство.
„Пред вас повеќе не е 'пациентот' од Османлискиот период, ниту додворувачката земја од периодот на Републиката, ниту слабата држава од 1970 и 1990 година. Пред вас е народот, кој од претседател па до селски старешина верува и се фокусира кон целта за 2023 година, кој верува во целите за 2053 и 2071 година. Пред вас сега е голема и силна Турција“, порача турскиот претседател Ердоган.
Говорејќи за борбата против тероризмот, Ердоган истакна дека земјата ќе биде исчистена и од последниот терорист. „Неделно исчезнуваат од 50 до 100. Тие исчезнуваат и немаат друг излез. Ќе ја завршиме таа работа, во оваа земја нема да остане ниту еден терорист“, порача турскиот претседател Ердоган.
Тој истакна дека никој не би требало да се осмели да формира држава во северниот дел на Сирија, и дека оној којшто ќе се обиде ќе биде соочен со она што го заслужил.
„Моментално постојат оние кои сакаат да формираат терористички коридор во северниот дел на Сирија. Оние кои таму имаат намера да формираат држава, нека знаат дека ќе останат со празни раце. Ќе бидат соочени со она што го заслужиле. Нека не се обидува никој таму да формира држава“, порача турскиот претседател Ердоган.