Sefa Şengül
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Во Народната библиотека во Претседателската палата во Анкара, се одржа состанокот на Здружената економска комисија на Турција и Унгарија, со која претседаваа турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Питер Сијарто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во својот говор по состанокот, министерот Варанк нагласи дека благодарение на соработката помеѓу двете земји обемот на трговија од 356 милиони долари во 2001 година е зголемен за 7 пати и сега изнесува 2,6 милијарди долари.
„Верувам дека ќе ја постигнеме целта од 6 милијарди долари обем на трговија утврден од нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер г-дин Виктор Орбан“, рече Варанк.
Варанк, осврнувајќи се на стратегијата за странски инвестиции рече дека во последниот период Турција има најголемите придобивки од протокот на капитал кон земјите во развој.
„Кога ги испитуваме портфолиото на меѓународните текови, гледаме силен повторен влез во нашата земја и преку акции и со обврзници. Нема никаква пречка истата ситуација да ја видиме во странските директни инвестиции“, рече Варанк.
Истакнувајќи дека во соработка со Канцеларијата за инвестиции на Претседателството започнале да ја подготвуваат првата меѓународна стратегија за странски директни инвестиции во Турција, Варанк додаде:
„Планираме да ја завршиме нашата работа на крајот на декември и да ја споделиме со јавноста на почетокот на 2021 година.“