Muhammet Emin Avundukluoğlu
18 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Израелската агресија врз Палестинците ќе предизвика или глобална или регионална војна, изјави лидерот на турската Партија за национално движење, Девлет Бахчели, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Израелскиот терор е невозможно да се 'свари'. Ако продолжи вака, ако не престане бруталноста, ако опстојат категоричните напади врз правото на вероисповед и човековите права, како последна опција ќе се појави глобална или регионална војна“, изјави Бахчели, лидерот на Партијата за национално движење (МХП), пред неговата пратеничка група.
„Ако во Ерусалим (Кудс) не се планира заштитна сила со учество на ОН или исламските земји, тогаш треба да се слушне гласот на историјата и турската нација, која го познава духот и текстурата на Ерусалим, треба да преземе нова стражарска служба“, рече Бахчели.
„Ако има повик, треба да одиме, да ја контролираме ситуацијата, да влеземе колку што можеме и конечно да запреме со крвопролевањето. Да обезбедиме заеднички мир, стабилност и безбедност“, додаде тој.
Бахчели истакна дека џамијата „Ал-Акса“ е чест на турската нација.
„Бројот на жртвите од тековните израелски напади врз блокираниот Појас Газа се искачи на 212“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство. Меѓу жртвите се и деца и жени, додека во нападите повредени се 1.400 лица.
Израелската Војска врши воздушни напади врз Појасот Газа од 10 мај, оставајќи зад себе огромно уништување на територијата што излегува на море.
Медиумските канцеларии и здравствени центри се наоѓаат на нишан.
Неодамнешните тензии што започнаа во Источен Кудс (Ерусалим) за време на светиот муслимански месец Рамазан се проширија и во Газа како резултат на израелските напади врз верниците во џамијата „Ал-Акса“ и населбата Шеик Џарах.