Büşra Nur Çakmak
18 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
АНКАРА
Турција денес ги осуди израелските напади врз зградата на катарската Црвена полумесечина во окупираниот Појас Газа во Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ја покануваме меѓународната заедница да ги засили своите напори да го принуди Израел да стави крај на неселективната и диспропорционална употреба на сила и да се усогласи со меѓународното право“, рече Танжу Билгич, портпаролот на Министерството за надворешни работи.
„Им посакуваме милост од Алах за оние што ги загубија своите животи и посакуваме брзо закрепнување на повредените, како резултат на овие грозоморни напади, што претставува јасно кршење на меѓународното хуманитарно право.“
Седиштето на катарската Црвена полумесечина во Газа вчера беше погодено од израелските воени авиони.
„Зградата на катарската Црвена полумесечина, што се наоѓа во Газа, беше тешко оштетена ова попладне како последица на гранатирање“, се вели во соопштението на Црвената полумесечина.
Во соопштението се вели дека во нападот загинале и двајца Палестинци, меѓу кои и едно дете, а други 10 биле повредени.
Групата соопшти дека ќе продолжи да „обезбедува помош за погодените луѓе во Појасот Газа во соработка со палестинската Црвена полумесечина“.
„Бројот на жртвите од тековните израелски напади врз блокираниот Појас Газа се искачи на 212“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство. Меѓу жртвите се наоѓаат 61 дете и 35 жени, додека во нападите повредени се 1.400 лица.
Во израелските напади со земја се срамнети десетици згради и куќи.