Elena Trenchevska Chekovic
23 Октомври 2025•Ажурирај: 24 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Балони на топол воздух утрово го исполнија небото над турска Кападокија, една од главните туристички дестинации во Турција, внесувајќи „експлозија“ на бои во раниот утрински пејзаж на регионот, јавува Анадолу.
Полетувајќи в зори, балоните им овозможуваат на посетителите прекрасен поглед на познатите долини на Кападокија, самовилските оџаци и карпестите формации кои се белег на една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.
Кападокија, историски регион во централна Турција и место кое се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО, е позната по своите самовилски оџаци, живеалиштата и црквите исклесани во карпите, како и возењето со балони на топол воздух на изгрејсонце.
Исто така, се одликува со богата кулинарска култура, со месо зготвено во тандур, чорби во глинени садови, ферментирани вкусови и регионални мезеа.