Behçet Alkan
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени во несреќа којашто се случи утринава при пад на балон со туристи во турскиот регион Кападокија, јавува Anadolu Agency (AA).
Балоните со туристи полетале утринава од платото на туристичката дестинација Гореме, а еден од балоните, при слетување во местото Ортахисар, удрил во столб на електродистрибуција и паднал на тлото.
Според првичните информации од терен, најмалку еден турист загина, а 20-те повредени лица се пренесени во болница.