Ekipa
21 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ВАН (АА) - Генералниот командант на жандармеријата на Турската армија, Ариф Четин, во рамките на операцијата „Киран“, која се води против терористичката ПКК во три града, ја посети единицата на планината Булгурлу, во Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Киран“, која започна под наредбата и командата на генералниот командант на жандармеријата на Турската армија, Ариф Четин, и со учество на командантите на единиците од Ван, Хакари и Ширнак, продолжува.

Четин, истакнувајќи дека во согласност со наредбите и директивите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во регионот ќе продолжи борбата против тероризмот сè додека терористите целосно не бидат исчистени, рече дека херојските безбедносни сили продолжуваат да ги поразуваат терористите.
Наведувајќи дека тие ќе обезбедат траен мир во земјата со поддршка на нацијата и со помошта на Алах, Четин рече:
„Трајно ќе ја воспоставиме безбедноста на нашата нација и граѓаните на нашата земја. Планините целосно се исчистени од терористите. Ако има некои остатоци од нив наскоро и нив ќе ги исчистиме. Сите работиме заедно за да осигуриме нашето знаме да се вее бескрајно. За најкратко време овој регион ќе биде целосно ослободен од терористите, висорамнините ќе бидат слободни, во нашите села сите во своите градини ќе можат на мир да садат и да жнеат. Ќе работиме со сета сила за развојот и просперитетот на нашата земја. Со поддршка на нашата нација и со нивните молитви, и со довербата на 82 милиони луѓе, засекогаш ќе ја продолжиме нашата борба.“