Sibel Uğurlu
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Министерот за здравство на Република Турција денеска во Анкара изјави дека уставните промени ќе внесат дополнителна динамика во развојот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Навистина, претседателот кој ќе го избираат директно граѓаните со мандат од пет години, со членовите на кабинетот ќе ја зголеми нашата динамика во насока на уште посилен развој на сите полиња“, рече Акдак гостувајќи на уредничкиот колегиум на АА во Анкара. Тој рече дека Турција ќе обезбеди уште 41.000 болнички кревети за да им овозможи на пациентите поголема приватност.
„До 2002 година, 90 отсто од болниците беа со повеќекреветни соби, пациентите беа сместени во тие соби“, изјави Акдаг.
„На луѓето им е потребна поголема приватност кога се болни... на пациентот мора да му се даде одделна соба... секој од нашите граѓани за нас е посебен и на секој пациент му е потребна приватна соба“.
Во рамките на проектот за градските болници, јавно-приватното партнерство ќе ги финансира здравствените објекти. Интегрираниот здравствен кампус „Мерсин“ во југоисточна Турција ќе биде еден од најголемите здравствени комплекси во Турција, со 1.294 кревети и капацитет за 10.000 пациенти дневно.
Акдаг изјави дека Турција обезбедува здравствена нега за сириските бегалци.
„Формиравме здравствени центри за мигрантите“, истакна тој. „Обезбедивме медицински услуги за сите Сиријци во Турција. Досега имаме формирано 16 здравствени центри за мигрантите“, изјави министерот Акдаг.
Турскиот министер додаде дека на сириските лекари и здравствени работници ќе им бидат дадени специјални работни дозволи за лекување на бегалците. Во однос на прашањето за уставните промени Акдаг изјави дека тие ќе внесат дополнителна динамика во развојот на Турција.
„Навистина, претседателот кој ќе го избираат директно граѓаните со мандат од пет години, со членовите на кабинетот ќе ја зголеми нашата динамика во насока на уште посилен развој на сите полиња“, рече министерот Акдаг.