Ali Murat Alhas
08 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
АНКАРА (АА) - „Турција и Русија почнуваат патролирање во сирискиот град Идлиб", изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана Акар денес беше гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency, при што, по повод 8. Март, Денот на жената, одговараше на прашањата на новинарките на АА.
Акар во разговорот со новинарките истакна „Турција е против терористите на ЈПГ, ПКК, ДЕАШ, ФЕТО и Ал Каеда. Турција е против сите терористички групи и нема проблем со било која етничка група, особено со курдските браќа."
Зборувајќи за борбата што Турција ја води на теренот, Акар изјави „Турција е единствената држава која на терен се бори против ДЕАШ и која неутрализираше повеќемина радикални терористи", изјави Акар.