Zylfije Adem Jakupi
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Претседателот на Општина Урошевац Агим Алиу изјави дека шестмина лица кои потешко се повредени во експлозија на плинска боца, ќе бидат префрлени на лекување во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алиу за АА потврди дека лекарскиот конзилиум донесе одлука за испраќање на повредените на лекување во странство.
„Лекувањето на повредените во странство е неопходно. Денес Стручнен лекарски совет при Болничката служба на клиничкиот универзитетски центар на Косово процени дека шестмината повредени се во тешка состојба и дека би требало итно да бидат префрлени на лекување во странство", рече Алиу.
Тој нагласи дека е во тек подготовка на неопходната документација и дека повредените, доцна вечерва или утре би требало да бидат префрлени во Турција.
Градоначалникот Алиу претходно преку објава на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека се прават напори за тешко повредените да се олеснат процедурите за лекување во Република Турција и со таа цел е контактирана Амбасадата на Турција во Косово.
Во косовскиот град Урошевац вчера се повредени повеќе од 40 лица во експлозија на плинска боца во еден ресторан, од кои 14 лица со изгореници од 35 до 50 отсто се префрлени во Клиничко универзитетскиот центар на Косово во Приштина. Повредените се на возраст од 25 до 45 години.