Burak Bir
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Со лансирањето на новиот сателит „Турксат 5А“, Турција во вселената ќе има седум активни сателити, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека земјата ги обезбедува своите права во орбитата во наредните 30 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата цел е да го позиционираме „Турксат 6А“, првиот комуникациски сателит произведен од Турција, во орбитата во 2022 година“, рече Ердоган на специјалната сесија на Неделата на сателитски технологии, на која се приклучи преку видео конференција од палатата „Вахдетин“.
Тој нагласи дека Турција планира да го лансира својот сателит од домашно производство за набљудување со висока резолуција IMECE во вселената следната година.
„Значи, го зголемивме бројот на активни сателити во вселената на седум“, рече Ердоган, вклучувајќи го и новолансираниот сателит „Турксат 5А“.
Турскиот претседател додаде дека Турција наскоро ќе ја објави и својата Национална вселенска програма за периодот 2021-2030 година.
Сателитот „Турксат 5А“ беше лансиран утринава со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“ од воздухопловната станица Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида.