Muhammed Nuri Erdoğan
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провокациски оган кон подрачјето каде што беше реализирана турската операција „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Како во зоната каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, исто и во зоната каде што беше реализирана операзијата „Штитот на Еуфрат“ нема да ги дозволиме обидите за напад и инфилтрирање. Нашите командоси, кои се гаранција на спокојството и безбедноста, неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провокациски оган кон зоната каде што беше реализирана операзијата „Штитот на Еуфрат““, се наведува во соопштението.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.