Tuğçenur Yılmaz
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека во сириското прашање, Франција треба да го разгледа својот став кон ПЈД/ЈПГ, кој е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу го прими на средба амбасадорот на Франција во Анкара, Шарл Фрије.
„Придаваме важност на нашите билатерални односи со Франција. Изразуваме задоволство од нашите зголемени трговски и економски односи. Во сириското прашање, Франција треба да го разгледа својот став кон ПЈД/ЈПГ, кој е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија“, напиша Чавушоглу на Твитер по неговата средба со францускиот амбасадор.