Турција го осуди израелскиот напад врз делегацијата на Хамас во Катар за време на преговорите за прекин на огнот
Таргетирањето на преговарачката делегација на Хамас додека се одржуваат преговорите за прекин на огнот покажува дека цел на Израел не е да постигне мир, туку да ја продолжи војната

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес го осуди нападот на Израел врз преговарачката делегација на Хамас во Доха, главниот град на Катар, јавува Анадолу.
Таргетирањето на преговарачката делегација на Хамас додека се одржуваат преговорите за прекин на огнот покажува дека цел на Израел не е да постигне мир, туку да ја продолжи војната, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција во соопштението објавено на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.
Понатаму во соопштението се нагласува: „Со овој напад, Катар, кој има улога на посредник во преговорите за прекин на огнот, сега е додаден на списокот на земји таргетирани од Израел во регионот. Ова претставува јасен доказ за експанзионистичката политика на Израел во регионот и неговото усвојување на тероризмот како државна политика.“
„Ние стоиме покрај Катар по овој грозоморен напад насочен кон неговиот суверенитет и безбедност“, се вели во соопштението.
Турција уште еднаш ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ја запре својата тековна агресија врз Палестина и регионот, се нагласува во соопштението.
Израелската војска денес соопшти дека извела обид за атентат на високи лидери на Хамас во Доха, Катар, по извештаите за неколку експлозии во градот. Извор од Хамас за Ал Џезира изјави дека нападот се случил додека делегацијата била на состанок за разговори за предлогот за прекин на огнот за Газа, поддржан од САД.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.