Gülşen Topçu
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел соопшти дека се подготвува да развие нов систем за воздушна одбрана кој би ги чинел 1 милијарда долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави израелската јавна радиодифузна куќа „Макан“, премиерот Бенјамин Нетанјаху ги информирал министрите од составот на израелскиот Кабинет за безбедност во врска со споменатиот план.
Нетанјаху, потсетувајќи дека го смета Иран како одговорен за нападот врз нафтените објекти во Саудиска Арабија, истакнал дека со споменатиот проект има за цел да им се спротивстави на крстосувачките проектили.
Во веста не се даваат детали околу проектот, но се посочува дека за обезбедувањето средства за проектот ќе биде потребно скратување на социјалните програми и зголемување на даноците.
Израел, покрај системот за воздушна одбрана „Челична купола“, има и голем број други системи за воздушна одбрана против проектилите „Патриот“.
Саудиска Арабија претходно имаше соопштено дека во ракетниот напад со беспилотно летало, извршен на 14 септември, избувнал пожар во нафтената компанија „Сауди Арамко“. Хусите од Јемен тврдеа дека нападот е извршен со 10 беспилотни летала. Во нападот немаше загинати или ранети.
Веќе на 24 септември премиерот на Израел излезе со изјава дека зад нападот врз нафтените објекти на Саудиска Арабија стои Иран.