Mohamed Sabry Emam Muhammed
16 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони денеска извршија нови воздушни напади врз позициите на палестинската група на отпорот Хамас во Појасот Газа, пренесува Агенцијата Анадолија (АА).
Израелската Армија соопшти дека нападите се случиле откако две ракети биле истрелани од Газа кон јужниот град Бершеба, кои биле пресретнати од израелскиот противракетен систем „Железна купола“.
„Хамас ќе ги сноси последиците поради нападите врз израелските цивили“, додаде армијата на Твитер.
Хамас е на власт во Појасот Газа, кој е под израелска блокада од 2007 година.
Од четвртокот во Газа владее привремено примирје, по ескалацијата поради израелскиот воздушен напад во кој беше убиен командантот на движењето „Исламски џихад“.
Најмалку 34 Палестинци, меѓу кои и 8 деца, загинаа, а десетици беа повредени во израелските напади.