Aysu Biçer
25 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турција планира да основа логистички центри во стратешките региони на Африка, Америка, Европа, Русија и Далечниот Исток, изјави денес турската министерка за трговија Рухсар Пекџан, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Наша цел е да ги испорачуваме турските производи на светските пазари на најбрз и најефикасен начин“, истакна Пехџан преку соопштение.
Додаде дека меѓу приоритетите на ова министерство е и воспоставување на потребните инфраструктурни објекти кои ќе ги зголемат извозните резултати на важните глобални пазари.
Напоменувајќи дека логистиката игра клучна улога во трговијата, вклучително и во е-трговијата, таа истакна дека овие центри ќе им помогнат на турските прекуморски економски иницијативи.
Пехџан напомена дека турската Влада ќе ги поддржи овие центри во однос на плаќањето на сите трошоци, како што се трошоците за лиценци и дозволи, царинење, управување со залихи, промоција и други маркетиншки активности.