Burcu Çalık
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во Анкара изјави дека неговата земја нема да седи со скрстени раце и да гледа како терористите со ракети и бомби убиваат невини луѓе во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овие никаквеци (терористите) за 12 дена од Африн на Рејханли, Хатај и Килис фрлија 82 ракети. Поради овие ракети загинаа петмина наши граѓани, а над 100 се ранети. Освен тоа, урнати се згради, урнати се наши џамии. И што треба сега ние да направиме? Да седиме со скрстени раце и да гледаме како никаквеците фрлаат ракети и бомби на невини луѓе? Не чекавме, туку им се спротиставивме“, порача Јилдирим.